
Украинското министерство за одбрана извести дека околу 20 наоружани мажи го нападнале украинскиот воен брод „Тернопил“ во пристаништетот во Севастопољ на Крим.
„Нападот почна“, напишта на фејсбук портпаролот на министерството за одбрана Владислав Селезњов.
Американскиот претседател Барак Обама објави дека воведува нови санкции кон Русија, како и кон една банка, како одговор на руското припојување на Крим.
Обама говорше неколку часа откако долниот дом на рускиот парламент го ратифицирање договорот меѓу проруските власти на Крим и Руската федерација.
– Не сакавме ова да се случи. Овие санкции ќе имаат големо влијание не само на руската, туку и на светската економија – изјави Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


