
Претседателот Ѓорге Иванов денеска беше во посета на Куманово, каде што со граѓаните разговараше за нивниот секојдневен живот, разменија мислења и дадоа предлози за натамошен развој на градот.
На средбата, жителите на Куманово ги поздравија поволностите за инвестирање кои ги овозможуваат владините мерки и истакнаа дека очекуваат зголемен број на странски инвестиции во Куманово и околината, со што значително би се зголемила вработеноста кај населението и би се допринело за економски развој на градот.

Во овој контекст беше посочена македонска компанија „Стил Кон“ за челични конструкции која заедно со холандскиот партнер „Герлико“ отвори нов современ погон во Куманово и вработува голем број на лица од овој крај.
Претседателот Иванов порача дека покрај странските инвеститори, и домашните бизнисмени треба да ги искористат економските поволности кои ги нуди Владата.
Во рамки на посетата, претседателот Иванов посети стопански комплекс во кумановската населба „Карпош“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Во Куманово денеска гласаат 64 болни и немоќни лица
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана


