| четврток, 6 декември 2018 |

Џорлев, Арифовска и Даутовски на реномиран фестивал во Италија

џорлев

Македонските музичари Басја Арифовска, Зоран Џорлев и Ратко Даутовски ќе учестуваат на реномираниот фестивал „Трансмишн“ во Равена, Италија. Концертот е утревечер, а на истата сцена, ќе се дружат со врвниот кавалист Неделко Неделков од Бугарија, Балаш Унгер- cимбалист од Унгарија како и „Кочани оркестар“.

На барање на фестивалот, оваа музичка тројка ќе изведе традиционални мотиви од Македонија, адаптации и авторски дела на Арифовска и маестро Џорлев.

-Благодарна сум на Карол Силверман, професорка по антропологија и фолклор на Универзитетот во Орегон. Таа ме препорача како Македонка на овој фестивал. За нас ова е настан од големо значење, кој гледано културолошки, уште еднаш го потврдува се поголемиот интерес и потребата за квалитетна презентација на нашиот национален музички израз во светски рамки – вели Арифовска.

За неа, посебно задоволство е соработката со маестро Зоран Џорлев, со кој што покрај заедничките активности во Националниот ансамбал за народни песни и игри „Танец“, во последниов период соработуваат одлично, при што меѓусебната размена на искуства резултира со компактност, освежување и новитети во нивниот музички израз. Бајса и Ратко, пoвеќе оддесетина годинисе дел од„ДД“ квартетот.

Освен нашите македонски музичари, на фестивалот настапуваат и многу познати имиња од САД, Шведска, Унгарија, Турција, Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top