| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Вишокот свинско месо на пазарот е поради велигденските пости

Ljupco_Dimovski_g_19
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска ја посети свињарската фарма на земојделската задруга „Единство“
во Челопек, за да се информира како тече откупот на вишокот свежо свинско месо.
– На последниот состанок со земјоделците и преработувачите договоривме да бидат откупени поголеми количини свежо свинско месо од домашните производители и со тоа да се надмине проблемот со пласманот на вишокот од околу 300 грла свињи или 180 до 200 тони месо – изјави Димовски.
Според него, вкупниот број свињи во Македонија како резултат на владините мерки е евидентно зголемен. Радува и податокот дека околу 90 отсто од свежото свинско месо на пазарите во Македонија е од домашно производство, а истовремено е добар и откупот во преработувачките капацитети кои се извозно ориентирани.
Димовски оцени дека причина за вишокот свежо свинско месо се велигденските пости поради кои побарувачката е намалена.
– Вишокот свежо свинско месо треба да биде предупредување за производителите, следната година во периодот на постите да испланираат помала продукција – рече сопственикот на свињарската фарма на „Единство“ Веле Ристески.
Неговата фарма, додаде, нема проблем со вишок свинско месо, но е вклучена во разговорите со Министерството за надминување на состојбите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top