| четврток, 6 декември 2018 |

Следете ме на ворд

Отсекогаш сметав дека изборите се прилочно неинтересна работа. Еден месец митинзи, ветувања, препукувања, по некое скандалче, малку поише сеирче, одиш гласаш, или се радуваш или вадиш теории за местенки… досадно. И само што помислив дека и овие избори ќе бидат такви ми се јавува баба ми и ми вика „Мила, дојди да ме влезеш во интернет, избори да гледам!“. Јасно ми беше дека баба ми има западнато во хакерско друштво во вторник и петок по автобусите. „Мила, митинзи нема веќе, изборите ќе бидат на интернет“. Бабо што ти е ма? Ги зимаш ли ти апчињата? Ми вади весник, што да видам.. Љубчо изјавил „Митинзите се минато, кампањата ја селиме на интернет“. Всичко тамам само уште тоа фалеше. Отварам социјални медиуми кога таму Ванковска собира потписи. Се потрудила жената и дошла на сите социјални мрежи неспремна, а самоуверена да комуницира со луѓето. Беше еднаш една Ванковска… word

Чувствував дека овие избори ќе бидат многу поинтересни од кои било други. Земав ги лајкнав сите страни на партиите и чекам сеирче. „Стево Пендаровски убедливо доминира на социјалните мрежи“. Слушнал Бил Гејтс за тоа, решил дека нема и оваа можност да му ја препушти на Цукенберг и ќе ја преземал работата во свои раце. Му се јавил на Стево и му рекол: „Јас ќе ти помогнам за кампањата, ќе ти овозможам да бидеш блиску до твоите фанови во секој момент“. Му направил „Мајкрософт офис“ за социјални мрежи којашто никој не може да ја дешифрира. Сега Стево има мрежа подобра и од онаа на Обама кога победи преку кампања на интернет, бидејќи оваа револуционерна алатка досега не е видена. Од партијата најавуваат дека ова е само прв изум од низата што Стево ќе ги донесе во Македонија откако ќе стане претседател. Револуционерниот изум го претстави на пат од Битола кон Скопје кога ги читаше прашањата кои му ги поставуваат неговите поддржувачи.

Во ворд Стево успева да ги види сите коментари, статуси, прашања од неговите фанови и да одговори на истите, да ги лајкне и да им прати приватна порака. Во ексел Стево има „Инстаграм“. Во секоја коцка може да стави негова слика за да може одеднаш да ги гледа сите слики направени за оваа кампања. Овој албум му се вика „Сакам сѐ што сакаат младите“.

Интернет-публиката со посебно внимание го проследи овој мал чекор за Стево, а голем за технологијата, драматично падна продажбата на Ајфон, Цукенберг во шок и неверување… Веднаш по претседателските избори Стево го чекаат уште едни избори за Нобелова награда. Со среќа, Стево лајк.

Мила ем весела

Мила ем весела

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top