| четврток, 6 декември 2018 |

Санитарен техничар фалсификувал документи

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.С.(54) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело фалсификување службена исправа.

Имено, пријавениот вработен како санитарен техничар во Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација (ДДД) во ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ Скопје, самоволно, без работен налог, кај две правни лица по извршена ДДД им издал потврда со фалсификуван печат иако знаел дека потврдата под наведениот сериски број веќе била дадена на друго правното лице при што во двата наврата се здобил со противправна имотна корист од околу 2.700 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top