| четврток, 6 декември 2018 |

„Тато врати се, Ливерпул повторно победува“ – емотивна порака на ќерката на стјуардот од малезискиот авион

Ќерката на стјуардот од исчезнатиот малезски авион Енџу Нари напиша емотивна порака на „Твитер“ по победата на Ливерпул над Манчестер Јунајтед, која го обиколи светот.

– Тато, Ливерпул победува. Дојди си дома да го гледаш натпреварот. Никогаш не ги пропушташ нивните натпревери, ова ти е првпат – напишала Елизабет на „Твитер“.

Фудбалскиот клуб Ливерпул беше допрен од зборовите на 17-годишната девојка и по тој повод ѝ прати порака:

– Сакаме да знаеш дека сме со тебе, мислиме на твојот татко и на сите други патници од летот MH370. Биди силна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top