СВР Скопје поднесе кривична пријава за 45-годишниот Р.П. од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривичнo делo измама.
Имено, пријавениот на лице од Скопје му понудил на продажба земјиште во с. Визбегово прикажувајќи му оригинален имотен лист на име на сопственичката на земјиштето, а воедно лажно претставувајќи се како нејзин син, кој, наводно, е ополномоштен да изврши продажба.
Оштетениот на Р.П. му исплатил капар од 2.200 евра, при што потпишале изјава на нотар и се договориле наредниот ден да се сретнат и пријавениот да го донесе полномоштвото за да го склучат договорот, но при обидите на оштетениот да го добие на телефонските броеви што претходно му биле дадени за контакт, Р.П. повеќе не се јавувал.
Пријавениот ѝ е веќе познат на службата и против него се поднесени седум кривични пријави за сторени седум кривични дела од имотните деликти, за кои од надлежен суд му се изречени шест казни затвор од кои една е условна осуда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Падна уште еден функционер на СДСМ во Прилеп: Присвоил над 8 милиони денари
-
Лажен доктор му понудил помош и му зел пари – Скопјанец остана без 12.000 денари
-
Тетовка измамила пет лица за 2 500 евра: Лажела дека е пријателка на Оливер Спасовски и нудела работа во јавна администрација