
Откако Русија го присоедини Крим, претседателот Путин соопшти дека се планира изградба на мост вреден 3 милијарди долари, кој е потребен за поврзување по копнен пат со полуостровот.
За да се стигне до полуостровот по копнен пат, можно е само преку теснецот Керч меѓу Азовско и Црно Море, кој во најтесниот дел е широк само 4,5 километри.
Возовите засега сѐ уште возат преку украинска територија, па затоа на новиот мост е предвидено да се изгради и железничка пруга.
Мостот би требало да биде долг 7,5 километри.
Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, веќе потпишал указ за изградба на мостот, а работите ѝ се доверени на државната компанија БТП.
Првичната идеја за изградба на таков мост била на Германците за време на Втората светска војна преку кој планирале да испраќаат помош за инвазијата на Советскиот Сојуз, а децении наназад истата идеја ја разгледувале Москва и Киев, но проектот никогаш не се реализирал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


