| четврток, 6 декември 2018 |

Дали носиме отровна облека?

По откривањето на канцерогеното млеко од Хрватска и коњското месо како замена за говедско во Европа, се поставува прашањето каква облека носиме. Кој ја контролира стоката во продавниците, дали информациите на декларациите се точни и уште повеќе имаат ли државните органи било каква контрола на облеката која главно доаѓа од Кина и се продава на тезги на пазарите пишуваат од порталот економски.мк

А дека облеката која ја носиме е исто така отврона неодмна тврдеше организацијата Greenpeace. Од таму соопштија дека не тоа што се продава на пазарите и без никаква декларација туку многу познати производители на облека користат опасни хемикалии во производството. Беа напоменати Zara, Levi’s и Calvin Klein.

Ова тврдење организацијата го темели на истражувањето кое го спровеле. Имено, купиле стотици парчиња облека од 20 глобални марки во 29 земји во светот. Во нив пронашле опасни хемикалии. Сите парчиња гардероба се тестирани на нопнилфенол-етоксилате (НПЕ) кој е опасен по ендокриниот систем, а некои се тестирани и на фталате, кои се штетни по репродуктивниот систем.

„Резултатите покажале дека сите марки имаат барем по неколку предмети кои содржат опасни хемикалии. Две третини од предметите содржат НПЕ, четири облеки содржат високи количини фталати, а траги од канцерогени амини се пронајдени со два предмети од Зара“, тврди Greenpeace.

НПЕ е забранет за употреба во земјите од Европската Унија, а во Кина и некои други земји неговата употреба се уште не е регулирана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top