| четврток, 6 декември 2018 |

Фифи нападнат од таксист

Македонскиот трансексуалец и пејач Филип Јаневски – Фифи неодамна изјави дека Белград е местото каде што се чувствува послободно и за кое смета дека засега е вистинското место за неа.

Но, пред два дена, Фифи беше дел од непријатен настан, кога еден таксист го препозна момчето од „Икс-фактор“, што се чувствува како девојка.

– Се враќав од снимање во „Пинк“, каде што ја промовирав песната „Намерно“. Најнормално повикав такси. Кога дојде, веднаш настана хаос. Возачот ме препозна и не сакаше да тргне, одбиваше да ме вози, „урлаше“ и ме навредуваше. Зборуваше дека сум срамота за моите родители, како не сум нормална и треба да ми е срам. По неколку минутно препирање ме исфрли надвор, а потоа ѝ се јавив на една пријателка, која дојде да ме земе – се пожали Фифи во српските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top