| четврток, 6 декември 2018 |

По Крим, Русија ќе влезе и во Естонија?

aerodrom ukraina2

Русија испрати сигнал за загриженост до Естонија во врска со третманот на големото руско малцинство во оваа земја, споредувајќи ја ситуацијата во оваа поранешна советска република со онаа во Украина.

Русија ја правда анексијата на Крим со правото на заштита на руското малцинство надвор од своите граници, па така забелешките за тензиите во Естоннија во врска со дозволата за употреба на рускиот јазик доаѓа во многу сензитивен момент.

– Русија целосно го поддржува правото за заштита на јазиците на малцинствата, изјави руски дипломат во Советот за човекови права на ОН во Женева.

Во екот на кризата во Крим, кај другите поранешни советски републики Естонија, Латвија и Литванија се појави страв дека Русија може да влезе и на нивна територија.

Американскиот потпретседател Џо Бајден кој во моментот е во главниот град на Литванија, Вилнус, им вети на овие Балтички земји дека целата ЕУ и членките на НАТО ја имаат поддршката на Вашингтон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top