Хрватскиот репрезентативец Јосип Шимуниќ кој беше суспендиран на 10 натпревари за репрезентацијата поради скандалозното скандирање по пласманот на Хрватска на светското првенство сепак нема да може да настапи за својата земја на престојниот мундијал.
По жалбата што ја поднесе до комисијата за жалби на ФИФА денеска ја доби потврдата на првично изречената казна. Покрај тоа што нема да има право на настап, Шимуниќ нема да има можност ниту да присуствува на стадионите каде ќе играат неговите соиграчи од репрезентацијата.
Со оваа одлука ФИФА потврди дека спроведува нулта толеранција за величење на верска и национална омраза.
Со овој потег јасно е дека Шимуниќ и стави крај на репрезентативната кариера бидејќи тој веќе има 36 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


