Покрај “ПИВО- ФЕСТ“ како најголема балканска манифестација, прилепчани ќе добијат и Академија за пиво што ќе ја формира Прилепската пиварница со врвни експерти од најголемите европски центри на пиварската индустрија. Ова денеска го соопштија менаџерите на Прилепската пиварница, на средбата со новинарите, во пресрет на големиот јубилеј, деведесет години од основањето на Пиварницата.
– Целта на Академијата ќе биде да се едуцираат потрошувачите и нашите купувачи консументи. Ќе земат учество еминентни стручњаци од пиварската индустрија, и од овие простори, но и од странство, од Германија, од Австрија итн. Со нив, ќе се потрудиме да го образуваме нашиот граѓанин, да знае дека пивоот не е само пијалок за освежување, туку дека има и многу други бенефити по здравјето на луѓето- рече првиот човек на Прилепската пиварница, Сашко Самарџиоски.
Академијата се отвара во рамките на јубилејните активности на Пиварница, а ќе делува и во наредните години. Прилепската пиварница, располага со најсовремена технологија и инсталирана опрема за производство на пиво и други производи, со вложени триесет милиони евра само за развој во последните десет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.