| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов го додели признанието „Најдобар млад научник“

1gorge

Претседателот Ѓорге Иванов го додели признанието за најдобар млад научник на 26-годишниот Петар Стојанов
-Ова признание успешно ја остварува целта-стимулирање на македонската наука, на младите македонски научници до 30 годишна возраст. Како еден од проектите на почетокот на мојот мандат верувам дека наградата ги оправда очекувањата, давајќи охрабрување и поддршка на младата македонска научна мисла, рече претседателот Иванов.

Признанието „Најдобар млад научник“ се доделува четврта година по ред, а Петар Стојанов е досега најмалдиот добитник на ова признание.
-Република Македонија има голем потенцијал во сите научни области, но во потенцијалот треба да се инвестира, додаде Иванов.
gorge-nagradata

Овогодинешниот добитник на признанието Стојанов апелираше до сите млади студенти да се насочат кон научно истражување.
-Би сакал да ја искористам оваа прилика да ги поттикнам нашите млади студенти кои што чувствуваат неизмерна љубов кон знаење, пронаоѓање, иновација и креативност да се насочат кон истражување, рече добитникот на овогодинешното признание Стојанов.

Тој истакна дека сите млади луѓе треба да ги искористат ресурсите и информациите, да размислуваат слободно и да ги развиваат своите идеи, со што, како што нагласи, би ја претставиле Република Македонија во најсилно и највлијателно светло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top