| четврток, 6 декември 2018 |

Ултрадесничари го претепаа директорот на украинската државна телевизија па се фалеа на интернет (видео)

tepan direktorot na ukrainskata televizija

Привремениот директор на украинската државна телевизија со ќотек беше принуден да поднесе оставка откако десничарските пратеници упаднаа во неговата канцеларија и почнаа да го тепаат.

Толпата бесни политичари, членови на ултрадесничарската партија Слобода, упаднаа во канцеларијата на Александар Пантелејмонов лути поради неговата одлука да врши пренос од свеченоста во Кремљ на која рускиот претседател Владимир Путин свечено потпиша договор со кој Крим службено се припои со Русија.

Директорот на телевизијата беше удиран со тупаници по глава додека не се согласи да отстапи од позицијата шеф на државната телевизија. Целиот напад насилниците го снимале а потоа го ставиле на интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top