| четврток, 6 декември 2018 |

Коштуница поднесе оставка – не е лидер на ДСС

koshtunitsa

Лидерот на Демократската партија на Србија (ДСС), Воислав Коштуница денеска поднесе оставка од лидерската позиција по тешкиот пораз на парламентарните избори од 16 март, на кои неговата партија не го мина изборниот праг.

– Првпат во својата историја партијата не влезе во Парламентот. Затоа моја обврска е да се повлечам од позицијата претседател на Демократската партија на Србија. За Србија направив се што можев и се што ми налагаше должноста, изјави Коштуница во писменото соопштение до медиумите.

На предвремените парламентарни избори Демократската партија на Србија освои 4,24 проценти од гласовите, а за влез во Парламентот и беа потребни пет отсто. Таа успеаја да си обезбеди само учество во Градското собрание на Белград, каде освои 6,39 проценти од гласовите.

Според денешното издание на весникот „Вечерње новости“ поранешниот претседател на СР Југославија и премиер на Србија во два мандата се одлучил да се повлече целосно од политичката сцена, напуштајќи ја лидерската позиција во партијата што ја создаде во 1992 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top