
Претседателот Иванов денеска ја посети општина Зелениково. На средбата со македонскиот претседател, жителите на Зелениково разменија мислења околу севкупните состојби во општината, за проектите кои се реализираат и потенцијалите за иден економски развој.
Населението изрази задоволство од инвестициите во патната инфраструктура, реконструкцијата на двата локални патни правци, реконструкцијата на постојните мостови, изградбата на пешачки патеки.
Во разговорите беа разменети мислења и околу можностите за туристички развој и уредување на археолошкиот локалитет „Градиште“ кај селото Таор, родното место на Јустинијан Први, што претседателот Иванов досега во неколку наврати, го има посетено.

Градоначалникот на Зелениково воедно го информираше претседателот Иванов дека на територија на општината е обезбедена локација каде се планира изградба и на филмски град. Со оглед на железничката поврзаност на Зелениково со централното градско подрачје, беше посочено дека општината нуди можности за развојни инвестиции, особено за развој на лесната индустрија. Локалните власти информираа дека општината веќе има изработено неколку студии и нацрт-планови за потенцијалните инвеститори.
Жителите на Зелениково ја поздравија реконструкцијата на основното училиште и на спортското игралиште, и изразија задоволство од изградбата на тенискиот терен во рамки на проектот „100 тениски терени“.
Воедно, населението посочи дека голем дел од нив се занимава со производство на земјоделски производи и притоа изразија задоволство од субвенциите од страна на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево


