По 27 литри пиво пие секој Македонец годишно, а една третина или 38 проценти од продажбата на пиво во земјата отпаѓа на производите на
Прилепска пиварница, која годинава одбележува 90 години постоење.
– Во 1924 година пиварницата почна со 8.000 хектолитри, а сега произведуваме 200.000 хектолитри. Постојано инвестираме во осовременување на производствениот процес, а планираме и да отвориме академија за пиво – изјави генералниот директор на Прилепска пиварница, Сашо Самарџиоски.
Тој додаде дека точниот датум на почеток на производството не е запишан, но оти ја одбележуваат годишнината во месецот кога е купено земјиштето каде што е изградена фабриката на 15 март 1924 година.
– Од почетокот во 1924 година до денес, Прилепска пиварница се движеше и растеше преку унапредување на производството во секој аспект за денес да биде една од петте пиварници на Балканот со најсовремен технолошки процес. Со 90 години зад нас имаме многу наследено знаење, но тоа не би значело ништо доколку не инвестираме во тековните состојби, не го унапредуваме производството континуирано и не го стимулираме развојот. Тоа што работиме во еден од најкомпетитивните сегменти нѐ мотивира за поголеми резултати – истакна Самарџиоски и додаде дека во изминатите 10 години инвестирани се повеќе од 30 милиони евра во унапредување на квалитетот на производството, во опрема за обработка на вода, варилница за пиво и сл.
Фабриката има 260 вработени, шест производствени линии и пет сопствени брендови „златен даб“, „крале марко“, овошните нектари „блум“ и соковите „газоза“ и „портоколада“, лиценцното производство на светските брендови „пепси“, „миринда“ и „севан ап“.
Пиварницата важи за еден од најмодерните производствени капацитети на Балканот. Годишниот капацитет на пиварницата е 500.000 хектолитри пиво годишно.
Зголемување на производството, проширување на дејноста, спроведување современи производни практики и доставување совршен квалитетен производ влегуваат во идните планови на Прилепска пиварница.
Самарџиоски потенцира дека во Македонија опаѓа потрошувачката на пиво, така што во 2012 година просечно еден македонски граѓанин пиел 32 литри пиво. Смета дека тоа е резултат на акцизата која ја има пивото, а ја нема виното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст