Не можам а да не забележам дека во последно време се што е надвор од сивата зона наречена етика и морал се нарекува модерно и современо. Добро, пред да продолжам, да го дефинираме терминот „Сива Зона“. Тоа би бил склоп од етички и морално – подвлекувам – НЕПРОМЕНЛИВИ стандарди. Се нарекува Сива Зона, затоа што до некоја мера може да се растегне или собере, водено од некаков културолошки бекграунд. Но тука мора да има и некаков лимит. Не можеш да натнеш “S” маица на твојата “XXXL” големина, да излезеш така во град и да очекуваш никој да не ти се смее. Така некако изгледа и кога некој ќе проба да ја развлече Сивата Зона прекумерно. А денеска тоа се прави на сите полиња. Не сакам да користам стереотипи од типот: „Е, во наше време…“. НЕ, бидејќи не се осеќам стар, ниту старовремски настроен. Напротив, следам се што е квалитетно, па макар било и андерграунд. Но, што е многу, многу е. Основните човечки норми не се промениле од Адам и Ева па до сега. Заедно со нив, тука е во чекор и кодексот на човечко однесување. Од кога тоа станало поважно колку имаш однадвор од тоа колку имаш однатре? Денес можеш да седнеш на клупа во парк и да читаш книга (не новина или плејбој…едноставно – роман) и да те гледаат како фрик, дури и да направат добар радиус околу твојата контаминирана зона. Не дај Боже да се заразат од тој опак вирус наречен култура. Денес можеш да го воспиташ детето на добри манири, а да се врати дома исфрустрирано и исмевано како тоа има старовремски родители. Денес можеш на соседите од влез да им кажеш едно љубезно „добар ден“ а тие збунето да ти климнат со глава во стилот: „се пореметил комшијава“. Денес можат да те сметаат за перверзен ако не им се смееш на одвратните вицови и забелешки, ако не учествуваш во полемиките околу атрибутите на спротивниот пол. Денес е нонсенс ако се обидеш да го оправдаш твојот колега кој од некоја причина е дневна тема на оговарање. За сообраќајот и да не почнувам. Зеленото светло е изговор да возиш и да ја блокираш раскрсницата дури и ако има колона пред тебе. Па зелено ти било, нели? Како што кажа еден мој фб пријател, фемто-секунда е мерлива во Скопје. Тоа е она делче од секундата помеѓу палењето жолто светло на семафорот до свирењето на оној одзади. Хектиката ја има насекаде во урбаниот хиероглиф наречен современо општество. Кул е да не и се отстапи место во автобус на една овената бабичка, правилото на подолга рака да биде на сила во редовите, овде е нормално да се паркира на зелена површина, да се иссекне нос на плочник, да се истресе пепељарата на семафор.„Современите“ граѓани заборавиле дека провинцијалец е карактерна особина а не потекло, дека сексот не значи љубов, дипломата не значи знаење, подароците не значат почитување, одењето во религиозен објект не значи вера, мрморењето не значи револуција, интелигенцијата не значи мудрост, поседувањето алатки не значи мајсторија, куќата не значи дом.
Не можев да молчам. Сите уживаме во убави глетки, ама сите не придонесуваме за нив. Не чекај друг да ја започне урбаната револуција.Сакаш промени? ТИ ПОЧНИ ПРВ!
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст