| четврток, 6 декември 2018 |

Осомничен за педофилија се обесил во Шутка

Роберт Робертсон, директор на основното училиште Димче Ангелов Габерот во Демир Капија, кој бил притворен во истражниот затвор во Шуто Оризари, утрово е пронајден обесен во својата ќелија.

Директорката на затворот во Шутка Сузана Гавриловиќ за Канал 5 објасни дека утрово затворските службеници кога делеле појадок, некаде пред 7 часот го пронашле во собата обесен. Цимерот со кого ја делел ќелијата во тој момент спиел.

Подоцна цимерот раскажал дека последен пат со Робертсон разговарале пред зори кога одел во тоалет. Од однесувањето не можел ни да помисли дека ќе се самоубие – вечерта се однесувал нормално, читале, разговарале се смееле, тврдел цимерот.

Директорката Гавриловиќ го опишува како интелектуалец, беспрекорен и дисциплиниран притвореник кој со никого немал проблеми ниту имал судицидни нагони.

Полиција и истражен судија направиле увид, а телото е предадено на судска медицина. Обдукцијата треба да потврди дали станува збор за самоубиство или нешто друго.

Пред седум месеци полицијата го уапси и му поднесе пријава за полов напад врз малолетник и обљуба со злоупотреба на службената положба. Робертсон се товареше дека девет месеци сексуално злоставувал двајца ученици во неговиот стан- момчиња на возраст од 13 и 15 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top