Доколку не сте тип на човек кој сака да вежба и да спортува, еве неколку интересни активности кои согоруваат калории.
– За само еден час водење љубов се согоруваат околу 300 калории.
– Излезете во шопинг. Едночасовно шетање низ продавници ќе ви согори 150 калории.
– Пешачете десетина минути и истовремено зборувајте со пријател или на телефон. Ќе согорите околу 100 калории.
-Џвакајте мастика. Иако самата оваа активност не согорува многу калории, сепак нема да грицкате нездрави работи додека во устата имате мастика.
-Додека седите на работа, мрдајте со ногата или по можност со целото тело. Со оваа активност ќе согорите неверојатни 350 калории.
-Чистете ја куќата. За само 30 минути активно чистење, се согоруваат дури 120 калории.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.