| четврток, 6 декември 2018 |

Почна истражувањето на Геоглифот во Свети Николе, дали навистина е таму гробот на Александар

Десетина универзитетски професори, електро инжењери, експерти за акустика од универзитети од Србија, Хрватска, Финска и Македонија од денеска почнаа со истражувањето на Геоглифот кој се наоѓа во близина на Свети Николе.

Предводникот на истражувањата е хрватскиот независен истражувач и археолог Домагеј Николиќ, според чија теорија Геоглифот е древен симбол за можна кралска гробница од времето на Пајонците, а во ридот каде што се истражува можно е и да се наоѓа гробот на Александар Македонски.

Првите истражувања со опремата, односно ултразвуците откија можна сакрална или пирамидална структура во внатрешноста на ридот.

– Тоа што со својата опрема го регистрирав на овој Геоглиф, е присуство на вибрации од електро-динамичка фреквенција со висина од 20 килохерци. За науката ова ниво од 20 килохерци е знак дека тука во внатрешноста на овој рид, има нешто, и тоа е фреквенцијата на можни сакрални или пирамидални форми, вели српскиот инжењер акустичар Горан Марјановиќ.

Универзитетскиот професор од Финска Хеики Саволаинен посочи дека деновиве ќе ги истражуваат првичните звуци и вибрации, со цел да утврдат што се крие во внатрешноста на ридот.

Градоначалникот на општина Свети Николе, Зоран Тасев е задоволен од првичните резултати, а според него Геоглифот и археолошкиот локалитет Била Зора се одлична можност за развој на археолошкиот туризам.

Севкупните обработени резултати од повеќедневното истражување експретскиот тим ке ги презентира кон крајот на овој месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top