Кошаркарската експедиција на рускиот тим Нижњи од Новгород имаше многу среќа и избегна вистинска трагедија на пат за Тел Авив, откако се запали еден од моторите на десното крило на авионот со кој полетаа од Берлин.
Благодарение и на присебноста на екипажот на авионот, кошаркарите безбедно се вратија во Берлин, од каде синоќа повторно полетаа за Израел.
„Оддеднаш почувствувавме два силни удари. Авионот почна да се тресе. Видовме како од моторот на десното крило излегува оган. Се почуствува мирис на запалено, а пилотот мораше да го држи авионот во воздух еден час за да го испушти бензинот. Бевме информирани дека птица влетала во моторот и дека повторно се враќаме во Берлин. Бевме на работ на трагедија. Сите бевме исплашени, затоа што никој од нас претходно не доживеал такво нешто, иако по пола сезона сме во авион. На крајот пилотот ни кажа дека сме имале голема среќа и дека за влакно е избегната трагедија“ – без зборовите на помошниот тренер на Нижњи Новгород, Јован Беадер.
Утре од 18,30 часот Нижњи ќе го игра четвртфиналниот меч од Еврокупот против Хапоел на гостински терен во Израел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст