| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени локациите на кои малезискиот авион би можел да слета?

По прегледувањето на симулаторот за летање кој го нашле во куќата на пилотот Захир Ахмад Шан кој го управуваше исчезнатиот малезиски авион, истражувачите откриле програми на кои се наоѓаат пет писти на аеродроми кои се во близина на индискиот океан, пишува „Дејли Меил“.

Неименуван извор изјавил дека е прерано да се донесуваат било какви заклучоци и покрај фактот дека ова откритие се смета за важен дел од истрагата.

– Станува збор за Меѓународна авионска писта на Малдивите, три писти во Индија и Шри Ланка, додека едната е во сопственост на САД, а се наоѓа во Диего Гарсија – вели изворот кој додаде дека пистите се долги по 1000 метри.

 

И покрај тоа што веќе ја отфрлија можноста дека авионот слетал на американска база, повторно ќе се испита, поради податоците кои беа најдени во симулатор на пилотот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top