| четврток, 6 декември 2018 |

Фифи: Го менувам полот и се мажам

Македонскиот трансексуалец и пејач Филип Јаневски – Фифи одлучи да го промени полот. Тој дефинитивно до крајот на животот сака да биде жена. Фифи моментално е во потрага по клиника каде што ќе започне со хормонска терапија, а подоцна и со операциите за промена на полот, за што ќе му бидат потребни 50.000 долари, пишува српски „Ало“.

– Цврсто сум решена, полот ќе го сменам во рок од две години. Јас всушност и сум жена, но сакам и во целост тоа да станам, знаете на што мислам. Во Македонија нема доктори кои прават промена на полот, за разлика од Србија, каде таа операција е бесплатна. Но, јас не сум жител на Србија за да можам бесплатно да го започнам тој процес. Но, сигурна сум во одлуката да станам жена и да започнам нормален живот, па моментално работам на тоа да најдам клиника која ќе ми го овозможи тоа, иако морам да признам дека ова е многу скапа операција. По тоа сакам да го најдам човекот на мојот живот кого ќе го сакам и со кој ќе оформам семејство – вели Фифи.

Сонот да стане потполна жена за Фифи постои одамна. Тој од неговата седумнаесетта година се облекува како жена, се шминка и носи високи потпетици.

Фифи прво ќе започне со хормонска терапија, која е долга и тешка, па дури потоа ќе може да се оперира. Доколку успее да собере 50.000 долари, операцијата ќе ја направи во Њујорк, бидејќи според него, таму се врвните доктори од оваа област. Во меѓувреме, не се откажува од музичката кариера, па неодамна го објави својата прва песна на српски јазик „Намерно“.

– Работам на тоа да си го средам животот во Белград, каде ја започнав музичката кариера и каде ми се случуваат само убави работи. Презадоволна сум од тоа како ме прифатија луѓето во Белград, ова е отворен и слободен град, а верувам дека ќе ми биде сѐ подобро тука. Верувам дека оваа песна ќе стане вистински поп-хит и дека мојот живот ќе тргне по нагорна линија. Пред неколку години можев само да сонувам за ваков живот, а сега го живеам својот сон и сум опкружена со луѓе кои ме сакаат таква каква што сум -заклучи тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top