| четврток, 6 декември 2018 |

Ме тераа да ги раширам нозете, видеото го покажуваа на забави

thandie-newton

Тенди Њутон, ѕвезда од неколку холивудски хитови како Mission Imposible 2, Crash и 2012, открива како на почетокот од кариерата, како тинејџерка, имала доста негативни и непријатни искуства со истите луѓе кои требаше да ѝ помогнат во развојот на актерската кариера.

Денес 40-годишната Британка вели дека неа ја обележал еден настан кога, уште како 18-годишна девојка, беше посрамена од режисер кој не сакаше да го именува. Њутон открива дека режисерот на сите им го покажувал видеото на кое таа, без објснување, била присилена да прави нешта поради кои се чувствуваше лошо.

„Кога имав само 16 години, бев присилена да правам работи кои не требаше да ги правам. Се чувствува одвратно. Ме искористуваа и злоупотребуваа, но во тој момент не знаев како да реагирам бидејќи стануваше збор за ’професионална средина’. Во просторијата имаше и други луѓе, а една од нив беше жена“, изјави актерката, додавајќи: „Режисерот бараше од мене да седнам и нозете да ги префрлам преку потпирачот на столот, а камерата беше поставена да снима точно под моето здолниште. Ме тераа да се допирам замислувајќи го ликот на оној во кого сум вљубена.

„Неколку години подоцна дознав дека режисерот таа снимка им ја покажувал на други луѓе од филмската индустрија, но не како видео поврзано со аудиција, туку на приватни забави“, открива Тенди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top