Клубот „Матица“ почнува со нова кампања за популаризација на книгата. Новата кампања има за цел да влијае на перцепцијата која граѓаните ја имаат за и кон читањето книги, како и желбата да се поттикне социјално-одговорната нишка кај компаниите во Република Македонија.
Проектот „Читај повеќе – Читај секаде!“ е првиот проект кој успеа да обедини голем број македонски компании и македонски познати ликови околу една цел: да ја покажат својата одговорност кон општеството во кое делуваат. На акцијата се приклучи и Министерството за култура, кое исто така несебично го даде својот придонес за успех на кампањата.
Првата улична акција за поделба на книги се одвиваше на улица „Македонија“, а учество зедоа покрај министерката за култура и повеќе македонски автори, претставници од македонските компании кои се приклучија на проектот како и голем број на познати личности: Весна Петрушевска, Атанас Николовски, Дани Димитровска, Димитар Андоновски, Сара Мејс, Каролина Гочева, Димитар Атанасовски и други.
Од „Матица“ велат дека сите ние читаме, за да знаеме дека не сме сами.
Токму поради тоа, велиме дека книгата е нашиот најдобар пријател. Оттаму и нивниот повик: со вашиот најдобар пријател, постојано и насекаде.Читајте повеќе – Читајте секаде!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.