| четврток, 6 декември 2018 |

Три тројки за Антиќ, нула за Олимпијакос

Перо Антиќ одигра солидно за Олимпијакос особено во последната четвртина против Барселона, но неговиот тим е поразен во Каталонија со 68-76, во меч од 3. коло од топ-16 фазата во кошаркарската Евролига. Антиќ имаше рафална стрелба од три тројки едноподруго во завршницата и го заврши мечот со 9 поени. Македонскиот репрезентативец беше на паркетот 21 минута, а забележа и 3 скока. Олимпијакос по поразот од Барселона има скор од една победа и 2 порази во Ф групата. Во сите 4 натпревари што се играа вечерва победија домашните екипи. Покрај Барса, на свој терен славеа и Ефес Пилсен против Алба со 71-62, Монтепаски беше подобра од Химки и забележа победа од 82-76, а најдраматично беше во Мадрид. Со тројката на Серхио Родригез на една секунда до крајот Реал славеше со 75-74 против Жалгирис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top