| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватот Домагој Николиќ со истражувачи ќе испитува дали гробот на Александар Македонски е во Свети Николе

bilazora

Хрватот Домагој Николиќ, кој тврди дека гробот на Александар Македонски се наоѓа во светиниколско доаѓа во Македонија, односно во Свети Николе, каде ќе се спроведат одредени истражувања на теренот каде што беше пронајден стариот град Билазора (Бела Зора). Како што објави ovcepole.com, денеска започнува архео-акустично и електромагнетно истражување на неколку локации во Овче Поле, Македонија. Се работи за истажување во кое ќе бидат користени неинвазивни методи, потполно безбедни за локалитетите, природата и луѓето, кои претставуваат прв комплексен истражувачки проект од овој вид во Македонија.

Истражувањата ќе бидат вршени на следните локации:

18.03.2014 – Геоглифот во Овче Поле

19.03.2014 – Бела Зора, Кнежје

20.03.2014 – Мегалитскиот Ѕид позади Богословец (кај народот познат како “Ѓаволски ѕид”)

Работите ќе се изведуваат под раководство на стручниот раководител за археолошки истражувања проф. д-р Драги Митревски. Неговиот стручен тим е составен од вработените во Градскиот Музеј во Свети Николе – Александар Арсов, историчар; м-р Владимир Атанасов, археолог и Александар Нацев, археолог. Интернационалниот експертски тим доаѓа со опрема од доо “Demiurg” од Загреб. Тимот го сочинуваат: д-р Слободан Миздрак, м-р Домагој Николиќ, д-р Паоло Дебертолис, д-р Велимир Абрамовиќ, д-р Аристотел Тентов, д-р Златан Аличевиќ, Хеики Саволаинен, Игор Томек и Никола Ристевски.

Интернационалниот тим претходно има вршено истражувања во Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Италија, Велика Британија, Египет, Судан, Иран, Малта и на други локации.

Во зависност од собраните податоци, резултатите од анализите ќе бидат објавени во следните неколку месеци. Сите досегашни истражувања се од јавен карактер и податоците секогаш се даваат на употреба, увид, анализа и верификација на институциите и научниците кои што ќе пројават интерес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top