| четврток, 6 декември 2018 |

Каде е највисокото работно место во Македонија?!

murato sin

Одите на работа и се жалите што треба да патувате од Драчево до Ѓорче Петров, на пример, среде лето, кога надвор е 40 Целзиусови степени, или зима кога надвор снежи? А, дали сте размислиле некогаш на која надморска височина се наоѓа највисокото работно место во Македонија? Историски гледано, тоа место своевремено беше на Титов Врв (2747м) на Шар Планина, каде што се наоѓаше активен планинарски дом, познатата „Кула“. На таа локација некаде во педесеттите години на минатиот век работеа и двајца техничари метеоролози од тогашниот Републички хидрометеоролошки завод. Но, таа приказна е одамна завршена, а денеска „највисоката канцеларија“ е на надморска височина од 2601 метар. Да, тоа е врвот на Баба Планина – Пелистер. Таму се наоѓа предавателна станица на Македонска радиодифузија. Ако некој можел да ги искуси опасните временски појави и ненадејното менување на времето, тоа дефинитивно се вработените во објектот на МРД. Од неколкуте вработени, ние имавме посебно задоволство да разговараме со Јонче Илиевски-Мурат. Се работи за синот на првиот Македонец ќе се искачил на Еверест – Димитар Илиевски-Мурато.

pogled-2a

Тој на ова работно место во „Антени“ е веќе 15 години. Нема каде да купи појадок поради што готви сам. Вели никогаш не знаеш какво време те очекува во текот на денот.

– Наутро ќе ве дочека сончево време, а еден час потоа врвот може да биде во облак или да дува силен ветер. Напролет, кога има многу врнежи, често во околина удираат молњи. Неретко молњи удираат во објектот и во антените. Во зима, пак, снегот и ветерот знаат да направат намети високи и до 3 метри. Но, најубавата глетка е кога Битола е во магла, а на врвот е сончево. Тогаш може да се видат Пирин, Олимп, планините во западна Македонија. Но, дефинитивно, најинтересна појава поврзана со времето е моментот кога ќе удри молња во далекуводот и потоа продолжува да се се движи по жицата се додека не се одбие од изолаторот со пукање и искрење на сите страни – вели тој во интервју за „Метеопро“, додавајќи дека поради лавина му се случило да остане на работа цели 20 дена.

Интервјуто со Мурато прочитајте го на Метеопро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top