| четврток, 6 декември 2018 |

Вилас-Боас е нов тренер на Зенит

Португалскиот тренер Андре Вилас-Боас ќе биде новиот тренер на Зенит, како што јавуваат од клубот. Тој потпишал двегодишен договор кој ќе почне од четврток по натпреварот на Зенит со Борусија Дортмунд. Боас доаѓа на местото на Италијанецот Лучиано Спалети, кој доби отказ по неколкуте лоши резултати на клубот од Санкт Петербург.
Поранешниот репрезентативец на Русија, Сергеј Семак, ќе го води клубот во реваншот во Дортмунд каде што Зенит ќе има невозможна мисија да ја надокнади негативата од првиот натпревар во кој Зенит загуби на домашен терен 4-2.
Португалецот е без ангажман од декември кога доби отказ од тренерското место во Тотенхем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top