| четврток, 6 декември 2018 |

„Форбс“ објави интервју со основачите на македонската компанија „ИВОТЕ“

„Форбс“ во изданието за ЈИЕ од февруари 2014 година посветено на најуспешните компании во развој од регионот содржи интервју со основачите на ИВОТЕ, македонска компанија специјализирана за модернизација на изборни процеси, системи за електронска трговија и електронско учење. Визијата и истрајноста на основачите на ИВОТЕ се главната движечка сила која придонесе да се создаде компанија која е светски лидер во управувањето со изборните процеси и притоа се стекна со меѓународна препознатливост.
Водечкото софтверско решение ИВОТЕ Демокра претставува интегрирана платформа која овозможува детално и сеопфатно управување со сите изборни процеси. Технологијата на Демокра придонесе за навремени, транспарентни и веродостојни изборни резултати во многу демократии во светот. ИВОТЕ неодамна ја доби престижната награда на Европскиот инвестициски натпревар. Натпреварувајќи се со повеќе од 800 компании во развој од цела Европа, ИВОТЕ беше издвоена како компанија со најголем потенцијал за интернационален развој.
Во интервјуто, основачите истакнуваат дека ИВОТЕ прерасна во регионален лидер за имплементација на софтверски решенија наменети за изборните комисии. Со технологијата на ИВОТЕ Демокра досега се обработени повеќе од 107 милиони гласачи низ свет. Таа во претходниот период беше користена на изборите во Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Еквадор.
За идниот период, ИВОТЕ усвои амбициозна стратегија за глобална експанзија, особено во САД, ЕУ, Централна и Источна Европа и во Африка. Компанијата сега е во потрага по нови партнерства и инвеститори за поддршка на својата стратегија.
Повеќе за ИВОТЕ можете да прочитате во февруарското издание за ЈИЕ на „Форбс“.
ИВОТЕ е водечка компанија специјализирана за технологии за модернизација на изборни процеси, системи за електронска трговија и електронско учење. ИВОТЕ Демокра е платформа за управување со изборни процеси, изработена според најсовремени технологиии. Обезбедува високо ниво на безбедност и транспарентност во информацискиот менаџмент. До денес, повеќе од 107 милиони гласачи низ светот ѝ веруваат на технологијата Демокра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top