| четврток, 6 декември 2018 |

Лига Европа: Атлетико Мадрид пред елиминација

Последниот освојувач на пехарот дома загуби од Рубин Казан со 2-0 и е близу до напуштање на вториот квалитативен фудбалски натпревар во Европа

Неколку големи изненадувања во воведните средби во првиот пролетен  термин за одигрување на натпреварите во Лига Европа. Според постигнатото во првите 90 минути од шаснаестифиналето многу близу до елиминација се Наполи и Стеауа на нашите Пандев и Георгиевски, но и актуелниот освојувач на трофејот во овој куп, Атлетико Мадрид. Најдобар биланс денеска имаа руските екипи кои преку Анжи, Зенит и Рубин остварија три победи.

ЛИГА ЕВРОПА – 1/16 ФИНАЛЕ – ПРВИ НАТПРЕВАРИ:

Анжи  – Хановер 3:1

Зенит – Ливерпул 2:0

Ајакс – Стеауа 2:0

БАТЕ Борисов – Фенербахче 0:0

Динамо Киев – Бордо 1:1

Леванте – Олимпијакос 3:0

Баер Леверкузен – Бенфика 0:1

Наполи – Викторија Плзен 0:3

Спарта Прага – Челси 0:1

Атлетико Мадрид – Рубин 0:2

Базел – Дњипро 2:0

Интер – Клуж 2:0

Борусија Менхенгладбах – Лацио 3:3

Њукасл – Металист 0:0

Штутгарт – Генк 1:1

Тотенхем – Лион 2:1

Реваншите се следниот четврток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top