| четврток, 6 декември 2018 |

Кога љубовта кон кафето и кон сликањето ќе се претвори во уметност

Иде­ја­та ми дој­де со­семa слу­чај­но. Се под­го­тву­вав да одам на фа­кул­тет и утрин­ско­то ка­фе што го пи­јам во мо­ја­та со­ба ми се исту­ри врз ли­сто­ви­те, кои по­сто­ја­но сто­јат на ма­са­та на ко­ја цр­там. Го оста­вив да се ису­ши би­деј­ќи бр­зав, а ко­га се вра­тив ви­дов де­ка исту­ре­на­та теч­ност на­пра­ви­ла сво­ја фор­ма, ли­че­ше на пор­трет и ми изг­ле­да­ше мно­гу ин­те­рес­но, рас­ка­жу­ва Дра­ган­чо за сво­и­те по­че­то­ци

Ка­фе­то е ин­те­рес­но средс­тво за соз­да­ва­ње умет­ност. Аме­ри­кан­ска­та двој­ка Ен­ди и Ан­ге­ла ве­ќе не­кол­ку го­ди­ни цр­та­ат со ка­фе и има­ат изра­бо­те­но сто­ти­ци ори­ги­нал­ни де­ла.

Љу­бо­пит­ни­те лу­ѓе че­сто ја гле­да­ат нив­на­та ра­бо­та и се из­не­на­де­ни од сли­ки­те, кои се це­лос­но изра­бо­те­ни од чи­сто ка­фе. Мно­гу­ми­на од нив ги ин­те­ре­си­ра ка­ко ја по­стиг­ну­ва­ат тем­на­та бо­ја, ко­ја, се­пак, оста­ну­ва спе­ци­ја­лен про­цес и тај­на фор­му­ла за ус­пе­хот.

Од не­о­дам­на и кај нас се по­ја­ви млад умет­ник што изра­бо­ту­ва сли­ки со ка­фе. Дра­ган­чо Бо­жи­нов од Ка­ва­дар­ци има 20 го­ди­ни и е сту­дент на ФОН на на­со­ка­та ди­зајн и мул­ти­ме­ди­ја. Тој е млад умет­ник за ко­го ка­фе­то е мно­гу по­ве­ќе од се­којд­не­вен ри­ту­ал. Тој го пре­тво­ра ка­фе­то во умет­ност и со тоа соз­да­ва уни­кат­ни де­ла пред кои ни­кој не мо­же да оста­не рам­но­ду­шен. Во пре­срет на не­го­ва­та нај­а­ва за из­лож­ба во Скоп­је, Стру­ми­ца, Охрид и во уште не­кол­ку гра­до­ви во Ма­ке­до­ни­ја раз­го­ва­рав­ме со не­го, за не­го­ви­те по­че­то­ци, ид­ни пла­но­ви и за уни­кат­но­ста на не­го­ви­те де­ла изра­бо­те­ни со ка­фе.

– Иде­ја­та ми дој­де со­се­ма слу­чај­но. Се под­го­тву­вав да одам на фа­кул­тет и утрин­ско­то ка­фе што го пи­јам во мо­ја­та со­ба ми се исту­ри врз ли­сто­ви­те, кои по­сто­ја­но сто­јат на ма­са­та на ко­ја цр­там. Го оста­вив да се ису­ши би­деј­ќи бр­зав. Ко­га се вра­тив ви­дов де­ка исту­ре­на­та теч­ност на­пра­ви­ла сво­ја фор­ма, ли­че­ше на пор­трет и ми изг­ле­да­ше мно­гу ин­те­рес­но – рас­ка­жу­ва Дра­ган­чо.

И та­ка по­сто­ја­но тра­гал по не­ко­ја тех­ни­ка на сли­ка­ње што ќе го изд­во­ју­ва од дру­ги­те умет­ни­ци, па овој на­стан му го про­ме­нил жи­во­тот.
– Вед­наш до­бив иде­ја да поч­нам да цр­там со та­лог од ка­фе и ја отка­жав из­лож­ба­та што до­то­гаш ја под­го­тву­вав. Сѐ до­де­ка не се исту­ри ка­фе­то цр­тав ап­страк­ции и тоа ќе бе­ше и те­ма­та на из­лож­ба­та што ја под­го­тву­вав, но од тој мо­мент сѐ се из­ме­ни – ве­ли Бо­жи­нов.

Kafe-Umetnost-Draganco-Bozinov-2

Ка­ко и се­кој по­че­ток, и ова оде­ло те­шко. Поч­нал да сли­ка со та­ло­гот од ка­фе­то што го пи­е­ле до­ма, но на­и­шол на пр­ви­те проб­ле­ми.

– Про­бав да цр­там со ка­фе три-че­ти­ри па­ти, но ка­фе­то отка­ко ќе се ису­ши па­ѓа­ше не се за­др­жу­ва­ше на хар­ти­ја­та и имав проб­ле­ми, но на­бр­гу до­да­дов одре­де­ни со­стој­ки за да го по­до­брам со­ста­вот на ка­фе­то и за цр­те­жот да се фи­кси­ра – ве­ли Дра­ган­чо.

Се­га ве­ќе го по­до­брил со­ста­вот на та­ло­гот со кој сли­ка би­деј­ќи уви­дел што му не­до­сти­га, но сѐ уште не ја откри­ва тај­на­та.

– Ка­фе­то со кое сли­кам се ва­ри со ше­ќер и тол­ку ќе ви откри­јам, дру­го­то е тај­на – ве­ли Дра­ган­чо. – По­ве­ќе не откри­вам би­деј­ќи во мо­мен­тов ра­бо­там на до­у­со­вр­шу­ва­ње на та­ло­гот би­деј­ќи ми не­до­сти­га сјај­ност на бо­ја­та, ама и тоа на­ско­ро ќе го сре­дам.

За да се изра­бо­ти ед­на сли­ка по­треб­но е мно­гу ка­фе.

– Тро­шам по 200-300 гра­ма ка­фе, во за­вис­ност од го­ле­ми­на­та на сли­ка­та. За­ви­си од тоа ка­ква сли­ка изра­бо­ту­вам и кол­ку ка­фе ќе ми би­де по­треб­но за по­тем­ни­те сло­е­ви. До­се­га го со­би­рав та­ло­гот од ка­фе­то што го пи­е­ме до­ма, но ка­ко што поч­нав по­ве­ќе да сли­кам поч­наа да се зго­ле­му­ва­ат и по­тре­би­те од та­лог, та­ка што се­га ва­рам во тен­џе­ре – об­јас­ну­ва Дра­ган­чо.

Отсе­ко­гаш цр­тал. Отка­ко знае за се­бе пра­ви ски­ци за цр­те­жи, не­го­ви­от дом е из­ле­пен со не­го­ви­те де­ла… ра­бо­ти на те­ра­са­та, ко­ја во мо­мен­тов е не­го­во ател­је, но се на­де­ва де­ка еден ден ќе ста­не го­лем умет­ник и ќе има сопс­тве­но ател­је. Пор­трет на То­ше, ка­ри­ка­ту­ри на Бред Пит и на Ан­џе­ли­на Џо­ли, прин­це­зи­те на Диз­ни, но и пор­тре­ти на при­ја­те­ли, род­ни­ни, ка­ко и ап­стракт­ни де­ла ви го од­зе­ма­ат вни­ма­ни­е­то ко­га ќе вле­зе­те во не­го­ви­от дом.

– Уште од мал по­сто­ја­но си играв со че­тки, бои и со мо­ли­ви, но со „ка­фе-тех­ни­ка“ се за­ни­ма­вам од кра­јот на ми­на­та­та го­ди­на. До­се­га имам изра­бо­те­но 15-20 де­ла. Најм­но­гу инс­пи­ра­ци­ја цр­пам од му­зи­ка­та и од жи­во­тот и до­се­га имам нас­ли­ка­но мно­гу де­ла на раз­лич­ни те­ми. Цр­там сѐ што до­жи­ву­вам! Пор­тре­ти­те што се на­цр­та­ни се нај­че­сто на мои поз­нај­ни­ци, при­ја­те­ли, фи­ктив­ни и има­ги­нар­ни лу­ѓе и слич­но. Ре­шив да го на­цр­там То­ше Про­е­ски, кој ми бе­ше оми­лен пе­јач. Мно­гу го по­чи­ту­вам не­го и не­го­ва­та му­зи­ка, ко­ја ја слу­шам до ден де­нес, па за­тоа ре­шив тој пор­трет да го по­да­рам во не­го­ва­та спо­мен-ку­ќа во Кру­ше­во – ве­ли Бо­жи­нов.

Kafe-Umetnost-Draganco-Bozinov-3

Ми­на­та­та го­ди­на не­го­ви­те аква­ре­ли учес­тву­ва­ле на груп­на из­лож­ба во Њу­јорк. Се­га се под­го­тву­ва за го­ле­ма из­лож­ба во Ма­ке­до­ни­ја, а во пре­го­во­ри е и со не­кол­ку га­ле­рии во Бер­лин и во Ка­и­ро, ка­де што ќе ги прет­ста­ви де­ла­та нас­ли­ка­ни со ка­фе.

– За ме­ѓу­на­род­на­та из­лож­ба што се одр­жа во Њу­јорк ми­на­та­та го­ди­на беа из­бра­ни три мои де­ла. Ап­ли­ци­рав со пет де­ла на ин­си­сти­ра­ње на се­стра ми, ко­ја то­гаш жи­ве­е­ше во САД. Од нив три беа из­бра­ни и мно­гу сум сре­ќен што бев дел од умет­ни­ци­те, чи­и­што де­ла мо­жеа да се ви­дат во еден кос­мо­по­лит­ски ми­ли­он­ски град ка­ков што е Њу­јорк – сме­та Дра­ган­чо.

Но, под­го­тву­ва из­лож­би во Скоп­је и во не­кол­ку дру­ги гра­до­ви низ Ма­ке­до­ни­ја.

– Кон кра­јот на март или по­че­то­кот на април пла­ни­рам да се одр­жи из­лож­ба­та во Скоп­је. Во тек се пре­го­во­ри­те со „Ма­ла ста­ни­ца“, МКЦ и уште не­кол­ку га­ле­рии. За­се­га иде­ја­та ми е да из­ло­жам че­ти­ри­е­се­ти­на сли­ки, но не знам да­ли ќе ус­пе­ам до­то­гаш да ги за­вр­шам – ве­ли Дра­ган­чо.

Се­пак, фа­кул­те­тот му оста­ну­ва на пр­во ме­сто.
– Иа­ко имам мно­гу пла­но­ви за во ид­ни­на, се раз­би­ра при­о­ри­тет ми е фа­кул­те­тот! Са­кам пр­во да го за­вр­шам обра­зо­ва­ни­е­то ов­де. По­тоа ќе на­пра­вам ма­ла па­у­за, ко­ја ќе ја иско­ри­стам за изра­бо­тка на но­ви де­ла и из­лож­би, а сѐ уште раз­мис­лу­вам ка­де да про­дол­жам , а оста­ну­ва уште мал­ку вре­ме за раз­мис­лу­ва­ње. Но, нај­ве­ро­јат­но, ќе би­де Фран­ци­ја или Ита­ли­ја. По­тоа би са­кал да се за­пи­шам на пост­дип­лом­ски сту­дии во САД и нор­мал­но да ја прет­ста­вам на­ша­та зем­ја во нај­до­бро свет­ло и со до­бри де­ла!

(Пишува: Невена Поповска | Фото: Александар Ивановски
Текст објавен во 79. број на неделникот „Република“, 7.03.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top