Раскошната француска екранизација на бајката „Убавицата и ѕверот“ на режисерот Кристоф Ганс ќе се емитува во кината во Македонија од 20 март. По големиот француски хит „Пактот со волците“ и добро прифатената американска екранизација на видеоиграта „Сајлент Хил“ (Silent Hill), Ганс сними универзална бајка за љубовта без оглед на разликите меѓу двајца што се сакаат.
Филмот на Ганс со Венсан Касел и Леа Сејду се базира на најраната позната верзија на бајката од збирката на Гарбиел Сузан Вилнев. Се работи за повеќеслојна бајка за деца и за возрасни, која зборува за моќта на соништата и конфликтот на љубовта и материјалните вредности поради што е особено актуелна и денес.
– Ми беше важно да покажам дека бајките се дел од нашата ДНК. Снимав во Холивуд, но работам во Европа бидејќи мислам дека е важно европскиот филм да се обиде да ја задржи врската со културата на своите предци – рече Ганс.
Снимена со буџет од 35 милиони евра „Убавицата и ѕверот“ е француска бајка за светскиот пазар – голем блокбастер наменет за семејството, кој ја прикажува универзалната бајка за вљубената двојка, чијашто љубов опстојува наспроти разликите. Приказната е подеднакво наменета за деца и за возрасни, зборува за моќта на љубовта наспроти материјализмот и корупцијата, што претставува релевантна приказна за денешно време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст