| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски: За изградба и санација на училишта, досега се инвестирани 2,2 милијарди денари

Spiro Ristovski02 (Custom)
Во отчетот кој премиерот Никола Груевски го промовираше викендов, издвоено е место за низата проекти спроведени во секторот образование и наука.
Владата и МОН се максимално транспарентни кон јавноста, а во отчетот се наведени реализираните проекти, истакна министерот за образование и наука, СПиро Ристовски во гостувањето на Сител телевизија.

-МОН во овие две ипол години од 50 најавени и ветени проекти, реализираше 42, пет се во фаза на реализација, а 3 се нереализирани, но мандатот непланирано се прекина во оваа фаза. Она што е за мене значајно е што речиси половина од таа бројка, вкупно 20 проекти кои не беа ветени се комплетно реализирани, а уште 2 се во фаза на реализација. Како ресорен министер би ги истакнал проектите кои имаат влијание на целокупната широка популација. Бесплатните учебници, бесплатен превоз за учениците, проектот за превод на учебници од најреномираните универзитети. Значајно е започнувањето на комплетна функционалност на електронскиот дневник, истакна министерот.

Од 2006-та година до сега се реализираат бројни активности од областа на градежништвото.

-Само во изградба на училишта и санација, досега се инвестирани 2,2 милијарди денари. Во тек се санации на 25 училишта, иозградба на 6+2 модуларни училишта, а и проектот за спортски сали е во континуирана реализација. Досега се реализирани 39 спортски сали. Тоа ќе биде еден од најзначајните проекти за следниов период затоа што задоволството е евидентно, рече Ристовски.

Целата изјава на министерот за образование и наука, дадена во вестите на Сител, проследете ја во продолжение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top