| четврток, 6 декември 2018 |

Боки 13 пред можна соработка со ЈП „Водовод и канализации“

Според српскиот портал „Свет“ скопјанецот Бојан Јовановски алијас Боки 13, преку својот  Фејсбук профил им се заканил на своите непријатели од естрадата од кои не е задоволен.

Боки 13 постојано зборува за враќање на сцената, а деновиве објави нова фотографија на која во позадина се гледа  тоалет при што им се заканил на своите непријатели.
„Ќе се потрудам сите фекалии од балканската јавна сцена да ги бутнам во оваа тоалетна шолја зад мене!!!“, порачал Боки  на својот профил.

Како точно ќе ги фаќа фекалиите и ќе ги враќа во водоводните цевки Боки 13 засега не кажува. „Свет“ не открива ни дали во оваа операција тој ќе користи само раце или на помош ќе повика и механизација.

Во Скопје одговорно претпријатие за ваков вид на активности е ЈП „Водовод и Канализација“, но тие досега немаат добиено барање за техничка или друг вид соработка со Боки 13.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top