Во рамки на денешната посета на Охрид, претседателот Иванов оствари средба со работниците во областа на културата.На средбата во Домот на културата, претседателот Иванов беше информиран за тековните активности поврзани со организирањето на културните манифестации кои традиционално се одржуваат во Охрид. Притоа, беше изразена благодарност до претседателот Иванов за неговото покровителство на манифестацијата „Охридско лето“ како и за поддршката на Меѓународениот семинар за македонски јазик, литература и култура.
Воедно, на средбата беа разменети мислења околу заштитата на културното наследство.Во таа насока, културните работници го запознаа Претседателот со досега реализираните активности за заштита на објектите со културно-историска вредост, како и со тековните активности –конзервацијата на јужниот бедем на долни Сарај и конзервацијата на архитектурата и живописот на црквата Св.Богородица Перивлепта во Охрид.
Македонскиот претседател истакна дека и во иднина сестрано ќе ја поддржува промоцијата и афирмацијата на македонската култура, бидејќи преку неа се изразува духовноста и креативноста, но се отсликува и наследството и традицијата на нашиот народ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани