| четврток, 6 декември 2018 |

Македонско-хрватски женски ракометен двобој

ЖРК Вардар и Металург денеска и в недела играат со Подравка и Локомотива Загреб во женската регионална ракометна лига

Македонско-хрватски женски ракометен двомеч од регионалното натпреварување во следните три дена и на две локации во Скопје. Денеска од 18 часот ЖРК Вардар во арената Борис Трајковски ја дочекува Подравка, а два часа порано во салата во Автокоманда играат ЖРК Металург и загребска Локомотива .

По два дена нашите екипи ќе ги сменат противниците, па Подравка која е постојан хрватски претставник во Лигата на шампионите и моментно втора екипа во ова натпреварување ќе игра кај Металург, а црвено-црните ќе се сретнат со Локомотива.

Во пресрет на овие четири меча Будуќност е прв со 19 бодови, Подравка е втора со 15, Металург е четврти со 10, а ЖРК Вардар кој во последниот период беше интересен поради потписите со три екстра ракометарки за следната сезона е шести со шест поена.

Од клубовите информираат дека на сите средби влезот е слободен со цел создавање добра спортска атмосфера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top