Прометот во индустријата во јануари оваа година, во однос на претходниот месеци, бележи раст од 5,1 отсто.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 19,2, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 18,3 отсто.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 13,6 отсто, а во Преработувачка индустрија бележи пораст од 9,4 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 6,7 отсто, капитални производи за 61,4 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 19,8 отсто, додека опаѓање бележи кај енергија за 97,8 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,9 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.