| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов доби отворена поддршка од граѓаните во Кичево и во Струга

Претседателот Ѓорге Иванов вчера ги посети општините Кичево и Струга и оствари средби со жителите од околните села.

ivanov kic mladi

ivanov plasnica

Иванов се сретна со жителите на селото Пласница, кои во најголем дел се од турска етничка припадност, а тие изразија поддршка за досегашни активности на претседателот, како и за неговата еднаква посветноста на сите етнички заедници во Република Македонија.

Македонскиот претседател во рамки на посетата на општина Кичево ги посети и жителите на село Другово, а имаше и средба со група стопанственици.

ivanov kicevo

На средбата, претседателот Иванов предложи заеднички настап на бизнисмените, здружување и укрупнување на бизнисот, со цел пробив на пазарот и подобрување на нивната конкурентност.

ivanov kic1

Претседателот на Регионалната стопанска комора, Игор Соколески, изрази задоволство од интересот на македонскиот претседател за активностите на стопанствениците, за неговите редовни средби со деловната заедница и помошта во нивно поврзување и организирањето на деловни форуми.

Кичевските бизнисмени ја поздравија изградбата на автопатот Кичево – Охрид и се согласија дека вложувањата во патната инфраструктура ќе придонесат за дополнителен развој на кичевскиот регион, со тоа што ќе овозможат подобри услови за развој на бизнисот и ќе го направат попривлечен за инвестиции.

Претседателот Иванов во Кичево се сретна со тимот од НР Кина што ги врши подготовките за изградбата на автопатот Кичево – Охрид, инвестиција вредна 375 милиони евра, чија реализација е значајна не само за југозападниот дел од државата, туку за Република Македонија во целост.

ivanov kinezi

Покрај Кичево, Иванов вчера оствари средба и со граѓаните на Струга, при што ги посети селата Мислешево, Враништа, Лабуништа и село Беровец.

ivanov struga
На средбата со претседателот Иванов, стружани се согласија дека е потребно оптимално да се искористат туристичките потенцијали, кои ги нудат убавините на Охридско Езеро и автентичните културни манифестации што традиционално се организираат во Струга.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top