| четврток, 6 декември 2018 |

Чевли и сандали што ќе ве одушеват

Пролетта 2014 година ќе биде многу интересна! Светските креатори ни носат многубројни трендови – доаѓа минимализам, но и компликувани, откачени стилови за жени што секогаш сакаат да бидат во чекор со трендот

Пролетта, како што прилега, донесува слатки бои, портокалова и зелена, кои одлично ќе прилегаат со едноставен изглед, но и сандали со тенки и полни петици. Посебно романтично и прекрасно изгледаат чевлите со врвци, а одлично можат да се комбинираат со здолништа.

 

Atraktivno79-2

Трендовски чевли и сандали

Чевлите и сандалите на врзување ќе бидат исклучително шик оваа сезона, како и тие со неколку врвци, кои ќе ѝ дадат посебна магија на целата модна комбинација. Доминира високата потпетица, која дава исклучително женствен стил благодарејќи на врвците и на по некоја тантела.

 

Atraktivno79-3

Бои

Пролетните бои се препознаваат во трендовите на чевлите. Светските креатори за оваа пролет предлагаат преубава портокалова и зелена боја. Токму тој моден детаљ дава посебна магија и во наједноставната модна комбинација.

 

Atraktivno79-5

Чевли со кожа

Atraktivno79-6Чевли со имитација на змиска кожа се одличен избор за откачени жени полни со самодоверба. Овој тренд, навистина, изгледа модерно и префинето, но и многу елегантно со класичен и деловен изглед. Овој тренд го има кај Александар Меквин, Фелдер Фелдер, Гучи, Дона Каран…

Atraktivno79-4

 

Atraktivno79-7

Чевли со пролетни дезени

Atraktivno79-8Какви пролетни чевли би биле ако немаат пролетни дезени? Оваа сезона дезените ќе се врат околу цвеќето, листовите и цветните детали. Присутно е огромно шаренило, но и едноставност. Секој одбира што сака, а, во секој случај, овој тренд ја збогатува секоја модна комбинација. Весели и откачени цветни дезени носат сладок шик изглед. Вистинска романтика, како во изгледот, така и во боите…

(Текст објавен во 79. број на неделникот „Република“, 7.03.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top