– Мерките на Владата за продажба на неизградено државно земјиште по почетна цена од евро за квадратен метар, ги дава ефектите и придонесува за намалување на невработеноста и развој на економијата – нагласи министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, при посетата на индустриската мини-зона во селото Зубовце, Гостиварско.
Досега, со новите мерки, сопственици добиле 1.541 парцела, наменети за инвестирање во нови објекти.
Во разговор со сопствениците на индустриските капацитети, министерот се запозна со развојот на нивните бизниси откако на локација близу селото Зубовце почнаа со градба пет нови објекти.
– Мерката која ја воведовме пред три години ги даде своите ефекти. Со неа е озвозможено да се изградат објекти на над три стотини локации. Целта беше да се вработат нови луѓе и да се намали невработеноста – рече министерот Јанакиески.
Паралелената мерка на Владата за намалување на комуналиите за 95 проценти, според министерот Јанакиески, дала дополнителни резулатати во зголемувањето на интересот на стопанствениците за проширување и развој на нивните бизниси.
Стопанскиот комплекс „Зубовце“ се протега на 15 хектари, на територијата на општина Врапчиште, а во него се развива прехранбено-преработувачка индустрија. Моментно, целосно функционира еден капацитет, месната индустрија „Карнем“, а годинава се очекува уште три да почнат со работа. Според најавите, таму работа ќе најдат повеќе од сто лица.
Во Република Македонија, 45 општини имаат право да отуѓуваат државно земјиште. За последните три години биле отуѓени вкупно 1.541 парцела, наменети за инвестирање во нови објекти. Од нив, за индустриски и производствени цели, општините отуѓиле 243, а министерството 74 парцели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Власта преку судот се изживува врз Јанакиески и Божиновски – тврди адвокатот Миланов!
-
Јанакиески и Божиновски во понеделник на јавна седница ќе бараат укинување на притворот
-
Анѓушев ја продаде ЕДС: За мене е ова и тажен и среќен ден. Таа е мое дете!
-
Во ЕУ 16 отсто од компаниите имаат интернет продажба