| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ славеше со трубачи и торта тешка 21 килограм (видео)

Новиот мандатар на српската влада Александар Вучиќ, кој вчера со неговата Српска напредна странка оствари голема победа на предвремените парламентарни избори, имаше голема причина за славење.

Откако беше соопштено дека добиле околу 50 проценти од гласовите на гласачите, во штабот на партијата се отвори шампањ, а набрзо стигна и славеничката торта тешка дури 21 килограм, но атмосферата кулминира кога на сцена настапија трубачи.

Погледнете како течеше славењето:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top