| четврток, 6 декември 2018 |

Поради добриот квалитет на млекото, ќе се земаат помалку мостри за контрола

dimovski-runtevski

Млекото што се увезува и произведува во Македонија е безбедно, во моментов на пазарот има мал дисбаланс во однос на понудата и побарувачката на свинско месо, а има и мал пораст на извозот на јагниња во однос на лани. Ова се заклучоците од редовната средба меѓу министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски.

– Во моментов на македонскиот пазар се продава квалитетно млеко, ова посебно се однесува на македонското млеко. Ја анализиравме и ситуацијата на пазарот со свежо свинско месо. Има одредена количина односно број свињи што би требало да бидат апсорбирани од страна на преработувачките капацитети во државата. За таа цел, утре е закажан состанок на одгледувачите на свињи и преработувачите за да се најде решние за 180-200 тони количина, која во овој момент треба да биде прифатена од страна на преработувачкиот сектор – изјави министерот Љупчо Димовски.

Состојбата со извоз на јагнешко месо, според евидентираниот број на договори за извоз е сосема солидна и има поголем број на склучени договори во моментов споредбено со минатата година.

– Агенцијата за храна и за ветеринарство ќе ги направи сите напори за извозот да биде олеснет. Конкуренцијата на регионалниот пазар е изострена со оглед на тоа што имаме кокуренција од Романија и од Бугарија. Но со оглед на традиционалните врски кои нашите одгледувачи на јагниња ги имаат со компаниите од регионот пред се со Грција, Хрватска и Италија сметаме дека ќе има поголема динамика на пласманот на македонското јагне на овие пазари – истакна Димовски.

Поради исправноста и квалитетот на млекото, пред се на домашното, Владата донесе одлука за намалување на бројот односно фрекфенцијата на земањето на мостри од домашно млеко од еднаш неделно на еднаш на две недели.

– Кај свинското месо, во моментов постои дисбаланс во делот на понудата и побарувачката, работиме заедно со министерството за да го решиме тој проблем. Решение има, количините ќе бидат откупени само проблемот е да се изнајде цената. Во делот на извозот на јагнешкото месо шпицот се очекува околку велигденските празници и за сега имаме мало зголемување во однос на лани. Заклучно со вчера, беа извезени 38.000 јагниња – изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top