Студентите на Нов Зеланд ќе добијат бесплатно пиво за секој глушец што ќе го фатат и ќе го донесат жив или мртов.
Бизнисменот Гарет Морган, кој претходно имал компанија за заштита на птици од мачки, сега е на чело на проектот „Beer for Rats“. Тој заедно со Универзитетот „Викторија“ во Велингтон почна кампања за да ги поттикне студентите да се вклучат во борбата против големиот број глувци. Повици добил и од други универзитети подготвени да ја прифатат понудата.
– Има многу заинтересирани за овој проект. Интерес имаат и луѓето од другите градови кои дури доаѓаат кај нас и нѐ повикуваат да одиме во нивните места – изјави Морган.
Тој објасни и како ги привлекол студентите.
– Седнав и размислував што сакаат студентите. Пиво беше логичен одговор. Одлучив дека е добра идеја да им се даде стапици за глувци и да се наградат со пиво за секое фатено глувче – додаде Морган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


