| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовец „позајмил“ 30.000 евра од Хрватка

СВР Тетово поднесе кривична пријава за С.С. од Тетово за сторено кривично дело измама.

Пријавениот во текот на 2011 година од Р.Р. од Р. Хрватска двапати побарал и добил заем од 1.350 евра кои никогаш не ѝ ги вратил, а во текот на истата година ветувајќи ѝ дека во зграда што самиот ја гради ќе ѝ обезбеди стан за што му дала уште 30.000 евра, но не добила ништо за возврат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top