ПС Гостивар поднесе кривична пријава за Ф.А. (36) од Велгошта, Струшко и за Ј.А.(30) од Тетово за сторени кривични дела четири тешки кражби, две тешки кражби во обид и разбојништво.
Пријавените на 15 март во с. Врањовце, гостиварско дошле во куќата на Ј.А. (53), при што со закана со нож се обиделе да извршат разбојништво над неа, а откако забележале дека во куќата е нејзиниот син, ја напуштиле куќата.
Исто така, пријавените на 14 март во с. Градец, Гостиварско во шест куќи извршиле тешки кражби, при што одзеле парични средства, златен накит и други предмети предизвикувајќи материјална штета од 63.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.