| четврток, 6 декември 2018 |

Со дигалка нападнат шумар од с. Банско

Вчера на местото познато како Поглед, лоцирано над селото Банско, Стумичко, 41-годишниот И.Р. од с. Банско со алат дигалка го удрил во пределот на главата 61-годишниот В.К. од истото село, шумар во ЈП „Македонски шуми“.

Од ударот В.К. паднал на земја и почнал да крвари, додека И.Р., неговата сопруга и уште едно непознато лице кое било на местото на настанот побегнале.

На В.К. му е укажана лекарска помош и е задржан на лекување.

По целосно расчистување на настанот, за И.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top